We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Н​И​К​О​Г​А​Ш И​С​Т​О (2012)

by ДЛАБОКА ТРАГА

supported by
/
1.
2.
Тоди ДТ: Зад Аголот оставам трага да се памти, сме тим со јаки кадри нова песна излага мерите муда пак ли?! даваме факти, кај вас муабетот е празен раперот гладен е, исходот гаден, стилот е краден! Со џокери во рака, незнаеш да изиграш па губиш и со подобро поделената рака, не кажуваме нешто што тера некој да плаќа кажувам вистина па паметниот сфаќа -- сфаќаш!? Барате убиство? - Даре ви овозможува зинат остануваш после текстови ко по обичај, во обид да укажам на грешки сум суров, од јадење гомна преку куров, дај да чуеме нешто друго! А ако не правам тврдо незначи неможам, никогаш исто после срањево правиме преродба по предлог за напад, не те спасува цел кварт кога длабока гризе никаква маска не не' запира брат! Маро ДТ: Сум во состојба да бидам на бит, помеѓу добош и кик, каде што вистина е загрозен вид, па вршам достава на истата и каде што нема адреса, секој чекор внатре во поле ќе биде третиран ко престап! За твоја куповна моќ -- прескап, тим на готовс ко Спецназ, јадеш over не пецнат, стара е веста, но изгледа не си ја добил, дека не си играч кога ти играш по туѓи ноти... А не сме јазик и заби сме искрени барем, нешто што неможе секој во рапов сувопарен! Ова е совет за совет, од цивил па до поет, е игра каде ризикот е повеќе од двоен, а зборот тежи сум лингвист на kick, snare и loop, ти смрдиш на глупост и лупаш да бидеш ти кул, па свати Длабока Трага 2-0-1-0 , чу!? "They come around but they never come close to!" Даре ДТ: Од некој чув не сме биле battle MC-ија, сте заблуда но ние немаме мета ко вашата, решетам систем! -- што прави да дишеш лаги више, сте клише, да бидеш стишен, со мисла фали шесто чуло за позрел стих, лаги ко Розвел ти, продаваш но сме тим, што убива штом сме ин! За ова влегов во рапов, глув да чуе немир да водам слепи јас да зборам место неми, имаме сенс ко Common, текст ко Kweli, не фали ни flow доле низ Карпош и Хром, стихот на битот е лом! Прича ко Slick и Nas, познато ко Biggie и Pac, па си ли фан или пак силуваш да бидеш ислушан? Ти треба срце на битот плус 21 грам, сме зад ќошот денес верно рап анаграм правам рап ти немаш мозок ни за говор -- бла, бла, бла! За тој што слуша да чуе ние сме права ствар!
3.
Даре: Некои тоа го сакаат жешко! -- Во градов треба да бараш, талентот нас ни е карма, но тонеме доле без пара, ритамот за мене ветена земја, само на него сум дома сме класика ко земја, ветар, оган, денес по секоја цена би ставил цена, процент да земат велат емсија со сказни нема, но, решеткиве некад се единствен излез, кога клечиш пред пораз спремен да оставиш во нив се! Музиката е свето место, не треба да гази секој тоа не дели сме различни по мотив често, Зад Аголот е хипхоп Назарет за мене -- во ред!? Дишам од песна во песна за ова спремен -- си не!? А овде имаме се, добош, кик, soul, rap, boom bap, deep и fat, да чуеш "скреч" на "реф", додека дишам вистина ќе кажувам, рака на Библија ти сведочи за вештина! Си чул за вистина во лирика знам, во Скопје бараш наоѓаш за сечија душа и секој пат - пак! Имаме скреч, имаме бит, имаме се, стихови, приказни, тажни вистини за сите! Си чул за Длабока Трага на битот знам, во Скопје бараш наоѓаш за сечија душа и секој пат - пак! И за Зад Аголот знаеш, за Контра знаеш, Римиски, СВП, Паки, Илич и тука крај е! Тоди: Кога слушаш гребе винил знаеш е мојот човек Илиќ, не го крпи терапија колку е навлечен на игли, заеби игри, сериозен тим што тера да мислиш, мисла што тера да пиздиш, затоа тераме ист филм! Немаме мерка и не знаеме за доста, нека простат кога димиме пред гозба и пиеме сок од лоза, носиме вожња, стих добар, бит и стил поган, скил оган тера рапери после да молат ко на прочка! Во ова вложувам но нема ќар за тешките дни, па мислиш дали и стиховите се нешто вредни, не сте ни делумно спремни, за тоа што го правиме со повеќе душа од сите soul песни! Па не сте ни свесни, до кај ќе тераме секој нареден збор ќе прави различно да гледате, од срце секој потег, ДТ кон напред дојди, до аголот па сврти лево тука ќе не' најдеш!
4.
Ајс: Еј со кој памет ти глумиш улица и тежок лебар, не се курчи ќе те најдат ко на бекам џипот во Дебар! Со кој памет, снимаш спот војна кога не си имал beef ти жифти Фифти иди вежбај зошто све сте мивки! Но со кој памет, се праат демек опасни во траки, а, кога ќе излезат хиените од мракот тогаш се серат сите во гаќи! Со кој памет, пишуваат текстови ко деца во осмо, звучи просто, јас ќе рапувам за цел космос, а со кој памет би иделе против нас, кога ве скротив јас, готви фас, ризла и мотив грас, повеќете се фураат гангстери но верувај тоа е лага, срањето никогаш нема да запре затоа оставам вечна Длабока Трага! Тоди: Слушнав имате фанови возраста во просек десет, деца со забрана за надвор да бидат после десет, влагам во потсвеста за светата кауза рап, на битот стај пауза, фрли листот и магла брат! Длабока пламнува пак, ледот ве мрзна рапот ни е скапоцен како на Голум магичниот прстен, демек на врв сте а под нозе ви гори, кога би враќал на ова би звучело -- те молам немој пак боли! Но имам мотив а и незнам да преќутам, да бев судија во рапов до сега ќе имав пресуда, строго забрането со закон таков рап, па размисли што сме рекле кога ќе помислиш да снимаш пак! Даре: Сме тим што ебе емсиња ко Jeffrey Duhmer и Bundy, во налет варди тим, команди слушаш задњи, зар ти? Во биф телефонираш дома ко ET, па налик си прљав ко Harry, вокали во тонат нали? Тие битови премали, жалам неможеш да палиш! Дур имам повеќе punch од забава на Betta-House, дали? Не ве памтат во рапов ко Клинтон и Левински, не сте срањето, но срање сте, па дис ли мислиш? Кога хитот ти е топ на поп-листа, ти боље гради биста, во уста ла виста, дур саботирам бендови со bitch slap, ти гитла, јас чистам срање рап со мисла, дур Ајс-от зад мене врти ризла! "Гледам мртви емсија" -- кажав на психијатар, сите во зијан дур сечам -- Дигиди Das Efx ко сатар! Сте готови уште од 90та, кога моите инвестираа во рапов, да ви пренесам! Маро: Си мислат играме игра но ова станува Jumanji, повели скокај но немаш јаже не е bungee jumping, ти бројам секунди па пишува писма, рапов е алат што пренесува порака како дизна! Клизна, еден чекор па си доле во огнот пак заборавив да кажам овде лизгав е подот, болно!? Мене ме заболе кон што си целел, и после горење на крајот би ти серел врз пепел! Демек се некакво движење но извини не се крева револуција на партиски митинг, не сте ебачи, лажете, не сфаќам намера сите знаеме сантими се додаваат на камера! Па што се случува со рапериве денес, со линии што звучат ко да се од Златен Стремец, сакаат надвор а ги бива за по дома па со кој памет би пробал да вратиш назад на ова!?
5.
Тоди: Денес ни децава незнаат што е детство, сите заразени од вирусот борба за престол а кога сакаш да си најсилен силно го јадеш трошиш од умот за глупост, за секој да те знае, па не сме тука навек! Искористи го правилно времето делата човекот го прават траен, затоа правам дела кои ќе се памтат кои ќе ме вратат и по многу години минати назад, но студот се чуствува измеѓу сите нас, исповед на интернет, сите сме "cyber friends", се губи полека и маалската дружба сите се премногу опасни за да висат на клупа! А ние некогаш другари, сега познаници, времево не тера на, патишта поразлични се губиме како снег во лето, во секојдневниот пекол секој те гледа како зделка, прекор ни е потреба за живот исто како кислород ненерација на загуба без изговор, пропратно тонат и другите покрај младите глупави луѓе сме иднината свесно ја рушиме. А денес, светот е сменет, и тимот сменет е! Мајкот е сменет, денес се смеете! А вчера? Вчера се знаевме, денес не! Само лица познати сме... Каде исчезнавме!? Даре: Денес не врнат исти дождови, но време не дели, па чуден патот е нели, не познаваш никој и секој е сменет, Не вели два пати можеш, луѓево знаат за потсмев, се ладни ко камен, а секогаш чекаш на боље, вчера далеку е, па не се кладиш на утре, патот те тера да кажеш збогум и останеш збунет! Сите се познато - туѓи, низ тие маски ни студи, па губиме разум, ти судиш? Растам со нив, бараат мир во димот, сме загубена генерација, потрага по живот. Не сме деца веќе! Сега секој робува на сонот, населбиве тажни се, градов тоне доле ко Содом и Гомор, мртва амбиција - народ, самохрани мајки, деца што патат под развод, јас те знаев некогаш, верувам не си ти целосно сменет, се надевам не сум ни јас, ќе покаже време! Калта го крие златото, но само до дождот, после него следи Утопија, чист воздух, верувам во сите вас, после се, се враќаме дома на крај, таму ве чекам јас знај! А денес, светот е сменет, и тимот сменет е! Мајкот е сменет, денес се смеете! А вчера? Вчера се знаевме, денес не! Само лица познати сме... Каде исчезнавме!? Маро: Јас се сеќавам на секој момент ко да беше вчера, а секој од нив тера да земам да пишувам на тема, пра правам слики да видат, не само да не чујат, деталите се некад премногу па пцујам! Клупите низ населба денес се толку темни, лицата ги нема нигде, присутни се сенки, ние чудни, меѓусебно туѓи за други дознаваме од весник, за вести зборуваме во песни! Па ми фали висење во школски, само студот остана од него да гризе по коски, прости, на крај остануваш сам, после ладното се надевам ни следи само топол бран, а, мене не ми треба ништо освен туѓа среќа и човек кај кого реалност не гори ко свеќа! Туѓа на одбивам никад но ставам запирка, постои разлика од насмевка до насмевка...
6.
Немите зборови! Што сум ги проголтал ми тежат, во мене горчина да внесат, нема да дозволам тука да останат... Тоди: Велат секоја слика илјада збора, ако е така песнава брои над милиони со стихови сликам надреализам ко Салвадор Дали, во затворот од зборови остануваат само ќелии празни! Моите мисли како птици бегаат од него едни вивнуваат кон рајот други влечат кон пекол, пеколно боли се до сега што не сум ви рекол но боље болка од молк кон нешто свето, а не од збор прекор бараш излез од сето наоѓаш дваесет стиха од времето, ко твое посебно место, каде кажуваш сешто, болка од младост во која вистина е реткост во загуба сме често, па со текстов бришам граница на небо, секој збор е една скала до местото позади него искрено малку се луѓето кој би ги земал таму ко да сум изгубил разум за лага глумам на глув! Немите зборови... што сум ги проголтал ми тежат, во мене горчина да внесат, нема да дозволам тука да останат... Даре: Денес немам многу, но имам срце е реткост, можеби сум себичен, но не чепкај во него, во борба со демони, кога кровот кисне сфати ли? Не сме сами јас и ти, дождот ќе мине запомни, јас изгубив: доста борци крај мене, патот не дели, меѓу причини и цели, бркаме сон па нели? Но денес појак сум од секад, имам второ семејство, Зад Аголот екипа, на битот, во мисли сме едно! До сите што стојат до мене: фала, што сте мои очи во мракот, пастир кога би скршнал од патот, имам мајка и должам да бидам силен моја икона, идол, насмевка на лице! Лесно да станеш татко, тешко да останеш таков, беше доволно жена, да не е маж е јасно, покасно години сме група да осетиш: надеж, бол, се потсети? Длабока Трага снима ли? Сме различни! Пред неа незнаев за љубов, ми стана животна потреба, навика, здив и лудост! И често се смеам за инат на се, често сум сјебан ептен, ме праша: Како иде? Зар не? Слушај! Немите зборови... што сум ги проголтал ми тежат, во мене горчина да внесат, нема да дозволам тука да останат...
7.
Даре: Есента носи некад чудни вести, па тивко куферот се полни, низ мисли ко пастел бои, мижеше за да ги зачува чисти, А ветер пее, шепот бара во булки, за да го врати на место, што приказна чува и ќути! Назад во детство, пред многу лета, што спомен крие, прашина албум што јаде, слика без лице, остана без име, гледајќи во грбот ко странец ситен, изусти "тато...", но немаше одговор тој више! Под кревет демнат нешта, место душа, слама тежат, од ормар црвени очи кои во ноќта светат! Имаш свој Freddy Kruger во соновите, дур не го виде моливот горе на рафтовите, и тогаш започна се, ормарот беше само облека, под кревет кутии кои ништо незначат, малиот денес пишува за сами ко него, да чекорите заедно по снегот, во лето... Постои градина во секое детство, постои скриено и волшебно место - каде лесно е се! Па спомените спијат на листов, ова сум јас мојот живот на Никогаш Исто! Постои мракот под креветот скришно, постои родител што заминал тивко -каде темно е се! Па спомените спијат на листов, ова си ти твојот живот на Никогаш Исто! Маро: Сакав да знаат дека сакам да ги нема, очите на видот кои отсекогаш ме следат, се прашував дали ги гледаат возрасните, дали се' ќе биде ко во бајките ко сказните? Кога совеста е недопрено чиста, кога среќа е во вените со само една мисла, на крајот, сакав пак да има светло, пред да замижам и заспијам да не ми биде темно! Сакав да немора секогаш да си играм сам, сакав некој како мене сакав брат по мрак, сакав да знам дали родители плачат, зарем истите проблеми и прашања нив ги мачат? А денес сакам да е се' ко тогаш шарено, спомените не даваат да биде заборавено, можеби денеска во мракот ќе го најдам него, да чекориме заедно по снегот во лето...
8.
Деки: Во рапов страсни романтичари, што пушат кур за ич пари личам ли ко да пичам филм на ефтини музичари? Па пичка ви матер! Си актер платен ова заушка по врат за стилот одвратен еве ти дис за атер, патем да знаеш кој е од каде, кој рапов го бранел да не падне а не мрчел дека number one е! За време на, сцена рап, поделена, сум верен на, тврд звук римата проверена, хип-хоп од пелена, еве на, flow што гори ко дериват, не си Berry White смени рап си цивил меѓу лирична герила ако пичка рап ти сменила, ја жена врат па бесилка стилот пресликан, па марш од тука не си наш! Ова носи тежина еби тираж, не ни штимаш ти викаш имаш скил плус се фурате на, гледаност на youtube у спут секс гуру, живо секс бутур, рокам без усул за да гинеш без куртул! Даре: Кувам на мајкот пак, дур рапов пати карпел тунел! Дур репетирам ти си напет ко да страдаш од турет- ов синдром, губите на битот, изгубен во стихот, би возел боље ти со reverse, ние темни ко Keaton! Стихов вперен ко да мајков е калибар девет! Сте -- хард ко импотентен, сме хард -- до испод мермер! Ме осеќаш во воздух, просто ко да си ти Phill Collins, гинат емсија ко мајкот да го држи Грозни! Смешни сте ко Bernie Mac, штета што не сте -- мртви! Во здив дур сечам ко Edgar -- емсија -- тврди! Чудно како пола од вас се губат во превод, кои биле вистински ќе гледаш на крајот од денот! Маро: Имам разбирање за цена, голема гордост за денар полов орган за да кренам секаков обид за смена, нема, интерпретации ко Куран и Библија сепак има заповеди проповед и света мисија, шеснаесет на број како на Исус чуда, за предавници ко Јуда гревови ко за без сума, тежи круна, а воедно и тронот е ладен носите лесно и лето, ние Скопско вие Радлер, музикава е -- една карта, еден правец, една тајна, под лириката ви пишува -- Made In China, ние не спиеме со масата ко секад вечно успана, се прашувам дали имате муда под сукњата!? Правиме услуга, денес преводот е скап, а нема преводи за факт, немате веќе Р од рап! Па пред да почнеш да се фалиш за дела има ли повеќе од петнаес вашата клиентела!? Аце: Се осеќам ко поет заробен во ова поле, кое не е натпревар меѓу култури само бој е, шо е целта, не ја сфаќам теми ко да сум од свемир земјани чекаат смисла ко од книгата на Ели, а, ја не припаѓам тука, помеѓу Брутус и Јуда со група луѓе шо музикава ја направи бука нема хармонија, и не сум горд на збор ко секој втор шо вика свој ко да е Македонија а наш е овој рап и револт, ко револвер во чело предолг е патот изоден, ти си на почеток кревок ви е стилот изеден, а овој тврд и редок пораката ја нема негде е изгубена во превод.
9.
Даре: Роден сум под ова, небо што плаче овде корења не влечат под населби доле, зар не? Си бил сведок дека градов е полн со приказни асфалтот плете тајни во ноќта со шепоти. Но! Улициве ко да имаат очи, можат да ти раскажат за секаков злочин и мотив. Во овој јужен Вавилон, каде секој дар не е благослов верувај, таленти има овде си што може не што сакаш, дај боже да се сменат стварите да биде сонот можен. Западно од рајот - таму на кружен Зад Аголот тим е дужен, да гледаш низ светов ружен. Тој тивко спие, темен ко Dylan Dog рано се буди, свети со сонцето. Скопје град на работничка класа, домот на рапот, Влае, Ѓорче, Карпош доле, Скопје! Реф. x2: За Скопје, за градов заспан, каде улицата е празна се слуша само вистина за која јас ќе пишувам. Од Скопје, од овој асфалт, шепоти улична сказна, се слуша една приказна за која сите живеат. Маро: Лица сведочат за настани на овој бетон, градов дише со нас заедно, но на различен метод. Сме под исто небо, сме под исти облаци бели и тонеме доле со него. Нема невини, секогаш е вперен прстот во овој вечен наш дом, каде симболот е крстот. Духовно сме сити, парично сме секад ниски, нема ниту бета, ниту гама, законот е алфа! Асфалтот гори како сонцето на исток, трпи многу повеќе од моливот и листот. Трага има ако знаеш каде да ја бараш ист е како рапов секад губиш кога даваш. Можеби се работи за навика кога си во фрка, а не си ни задишан. Бурата наближува се надевам ја чу, градов наш е таков Скопје - состојба на ум! Реф. x2: За Скопје, за градов заспан, каде улицата е празна се слуша само вистина за која јас ќе пишувам. Од Скопје, од овој асфалт, шепоти улична сказна, се слуша една приказна за која сите живеат. Тоди: Живееме во место кое на грешките не простува, неможеш да бидеш тука постојан не се живее од ден за ден, туку од саат за саат се плашиш и од тие што те знаат! Но Скопјево има некој посебен дух, дава сила и слух на глув, да бидеш подобар од друг, ни е главниот мотив, што тера некои да дигнат молив да пишат стих што боли. Тука не се спие на раат, камо ли да живееш сон но, некои спијат во палати некои незнаат за дом! Некаква магија не држи овде кога во скопски клуб од срце викаш раце горе! Ова е само наше Скопје, тука ни е се и се дури сме живи, ќе го сакаме. Овде сум пуштил корења и овде сакам да згаснат Длабока Трага со скопската сказна.
10.
Даре: Најтешко е човек да бидеш, ко буре барут сме ние! Имаме очи полни, раце празни, народов гине, нашата иронија убива лесно, често заебан чесно си, знам дека свесно ти земаат парче од тебе, никој не гледај денес, неможеш ни сам за себе! Одмаздата е дива правда, не стига сите крв со крв се мие куршумот нема име! Младината млада умира, паѓаш под статистика револуција е мртов поим брат, на ничија земја ли растеме!? Губиме на наш терен се молиме на бога но без гласни сме! сепак исти сме, исти воздух дишеме но секој на секој е во овој свет безмислен а, сакам јас да живеам не да преживеам овде немаш место ни да пишуваш ничија земја! Тоди: А, ние сеуште се бориме за своите правдини, одиме по правци правилни но контра желби владини, проколнат народ тука ќе гниеме до својата старост секој ден ни е ден на жалост -- жалиме стално! А душава ја грее љубов патриотска, затоа е ладно како мраз во нашата земја проста, и таа вода што ја имам друга ја мати пробувам да играм ама туѓи раце држат мои карти и нема секад бакшиш, го чекаме први како во пустина што чекаат на дожд и капки сите ко волци гладни, овци се помалку не иде математика се е тука наопаку! Па пробај остани при себе, пробај да си среќен, во место што ко лавина надоле влече бараме малку надеж да се фатиме за неа, сите се благодарни ама нема леб од фала, но тука човекот е храбар, што ќе му дадеш ќе јаде, години прават личност и вилица јака со години чукаме но на грешна врата, имаме дарба но не и за надвор карта! Мартин: Само момент ни е потребен, па макар ни бил последен, нашата чест -- на тест, дадовме од себе, крајно време да сфатат дека нема назад! Молкот не е начин кога стално доле паѓаш, а, пак подоле од нас веќе нема, истребени ко загрозен вид со цел да не снема, од око не ни суди зошто очите те лажат, читај ни од усни само они ќе ти кажат а зад сето ова тука има причина, сакаат да биде наша земја ничија! Па без разлика на нација ил вера, ова е наше небо, наш воздух, наша земја!
11.
Маро: Па за рапериве ко на корзо, удар по глава и во торзо времево наводно течело брзо, затоа гледам да бидам гад дрзок! Ако е просто тогаш овде просто, нема простор, бараш кртина во парче каде се' е мрсно, пукам истрел кон рапов да биде повторно подземен но и рафал накај вас да бидам сигурен, виткам семејства во црно како Big L, вервувај ништо не си видел кога нема ваков сличен пример! Но јас правам пари – инвестирај ги во ковчег, зошто денот веќе заврши ти пред да почнеш, не сме ти конзола ни игра, за да не играш кога нели сам ве бирам, па имам право да деградирам, па! Името - Демјан, окупација – ве демнам, лично на Луцифер сенка, се додека така не секнат, па гневот нели расте се дур чопорот е гладен, системот ладен, а гладот станува пламен. Даре: Не ме знаеш, те молам да помине без коментари! Сум тивок, сватил, па може закопан е под скали? Зад очи, под капа, што демне таму, не знаеш! Дал би те задавил во димот, кога кровот го палите! Сум ироничен од несоница патам, плус напизден, лапам милиграми, замислен во мене клатам, сфаќам, сите имаме ликови распар ко Џекил и Хајд сме клапа, склапам лик ко синот на Виктор, сум напнат! Изгубив татко, рапов со него подоцна, полека, смени место! Сум понекад див, па често, ти повика биф, па лесно: би ти зашил уста да не изустиш ти пуст рап! Сме тим што гази емсиња ко мустанг! Ве извештачив со вешт рап, па не би препознал ни вештак! Сте екипа смешна со вештина грешна, незнам... Смрди на бензин? (Тонам?) Тонеш со мене, влези! Ти биди ми гостин седи, да гладаме коски емси! Се будиш сабајле во када со мраззз... Нешто фали позади, погоди што земав јассс.. Јас те мразам денес, поседуваш ти многу лица, дал лош рап? Влада? Систем? Цркни зинат! И кога системот краде и политиката лаже, ти дома си, а немаш каде: Прстите во вис! Прстите во вис! Горе! Прстите во вис! Сите! Прстите во вис! И кога рапот е бизнис и кога тој значи цифри, а кога ти гледаш низ нив: Прстите во вис! Прстите во вис! Горе! Прстите во вис! Сите! Прстите во вис! Дудо: Не сум од тие што мислеле, дека предавникот искрен е до зборови реков но навлегувам до букви ко Oписменех, приземен сум ко приземје, ти со две лица лицемер горд, кој што се роди кој гениј но, ќе умре како идиот тука рап old school како мамут, таму мек е како памук сплет на околности буре барут, никој крив, само јас најлуд! И за да доловам поента не ми ни треба да рецитирам јас постоејќи имплицирам дека си блиску до ретардиран, те мразам ко искомплексиран човек на ракија, како партија, ко зборот мераклија, ко модерната така наречена демократија, со така наречени “анархисти” кои наводно знаат како треба, велат, серат, се тетовираат и пушат трева хипи срање, чуден филм зацртан треба ли да им се нацрта? На мирен протест нека им прсне солзавец за да ги размрда еби се! да се вратиме на Дудо стил, доволно упростив на крај би додал само пуши кур во стих! Тоди: За разлика од Fugees ние убиваме тврдо, дури во вис е прстот, дрско повисоко дури од крстот, па влагам ко во Inception и ви го сјебувам сонот тогаш ги мењаме местата веќе не сте на тронот! Даваме добар провод, имаме добра нога, добош, немаме жал за никој па емсињата ќе бараат помош имаме простор и повод, еби се денес е зборот еден молотов у куќа па слободно нека ви гори кровот, и до вас господине што молите за глас, зар уште имаш совест и лице да бараш власт!? Зар уште не сфати дека си гнаса, дека во очите на луѓето подобро би изгледал распнат!? На лице маска во период на избори, ве чека казна, штом фитилот ќе изгори, гори во душа и желбата да се каже директно еби се ти и ти и ти! За жал кај нас тоа само се шепоти...
12.
Тоди: Повеќе од личност дали можеш ти да бидеш, повеќе од она што си и да прогледаш низ прсти? На убав збор си простил, јас и на лага верувам, таков карактер сум од секад на доброто гледам. Понекад и те нема, дали си поголем, кога треба да помогнеш таму каде што стега беда? За мене сите вредат искреност ценам, но сегде искреност ќе нема кога секој по кешот се гледа.. И дали сегде гледаш само од корист, би го продал ли блискиот најтајно што ти се доверил? Те гризе совест ли? Молкот некогаш може да каже повеќе од проклетите зборови.. А дали газиш преку своите ставови, за да ја зачуваш насмевката што највеќе од се' ти значи? Дали можеш да превидиш ти во правиот момент? Искрено да сакаш дали си поголем човек? Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш, или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око, крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ, гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек? Даре: Дали си поголем човек? Колку можеш да сакаш а мразат, дали можеш да свртиш образ и после шамар? Дали небото е граница за нас? Па кровот е премал и спас бараш во грев, а јас би одел низ оган за тебе, и би те сакал како нероден брат, и би те примил јас пак, само ти биди јак.. Светов црно-бел ко никад е сега, дали можеш да вратиш боја со мисла ко четка? Дали би делел и залак со гладен? Би го направил тоа да знаеш колку тежи стомак празен? И кога да врне се спрема, застани под моја стреа, би нe' собрало кога така ќе треба. Зората е благослов не потценувај никогаш, утрото е шанса за подобро секогаш. А кога ќе боли ќе види светот што е станат, замижи, прости им незнаат тие што прават... Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш, или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око, крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ, гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек?
13.
Rootsman: A check it up a sound boy original, I woke up inna’ jungle come within hard time presure got drop! On da way I look up inna babylon say a come, a fear and a presure rise up everyday along, I see you roam around near wicked man a town da giddeon a come and we gotta keep on fightin' on! Me set up inna di ridin' to da station nah’ fear dem’ pure meditation, musical plantation, you caught up inna game and then you get no slice, stop before dem mash you down and roll ya like a dice, InI nah walkin' wid dem confofusion, you gotta loweah yo stress, you got illusion da good things in life shall be lighting up yo way da bad things in life shall be left on to fade out away! Маро: Видов, патот до дома назад како по трња, широка палета на бои но најчестата е црна па, лесно е секад да го најдам на мапа кога домот е таму каде што секогаш те мразат, видов, не делата дела, ниски во име на вера, последиците ги нема кога сме букви во туѓа тема, па тогаш одбивам да бидам дел од проклет род, слободно би се нарекол себе си мизантроп, видов, ветрот е секогаш до мене блиску и после него стварно никад не е ништо исто денес сеуште треперам пред предизвикот, но барем научив да научам од исходот. А situation overcome you now no matter keep on fightin’ as you moving on! Inner situation overcome you down you got to take the blow as you moving on! Тоди: Нема поента од искуство ако не фатиш прибелешка, ти правиш грешка ако другите не научат да не грешат, и џабе се што си чул ако ти не слушаш, при очи прават да си слеп за туѓа несреќа, позади боите се крие вистина, ѕидот од костими крие една причина, а ние надвор од него, надвор од нивниот план, не дели чекор но знам, тој чекор не е за нас! А јас од мои стапици учам од каде се гази, имам сопатници среќа па имам кој да ме пази не треба компас да го најдам правилниот пат, изгорев еднаш па сега пазам кого викам брат! Марко: Лесно е да мразиш, тешко е да бидеш човек, пробај да кажеш добар збор, да ислушаш, да дадеш совет да ми најдеш мана можеш, можам и јас кај тебе, но ако за тебе гинам, ќе гинеш ли и ти за мене!? Дали си спремен, да одвоиш време, кога проблемот е голем и треба да се реши денес!? Дали ако сме тим ќе го шитнеш сето тоа, јас го најдов својот дом и знам за кого се борам, знам и за светот и луѓето во него, видов ситуации и што може да направи его и што од светост, може да направи љубомора затоа некои работи нема да се случат втор пат! А situation overcome you now no matter keep on fightin’ as you moving on, Inner situation overcome you down you got to take the blow as you moving on! А situation overcome you now no matter keep on fightin’ as you moving on! Inner situation overcome you down you got to take the blow as you moving on! Даре: Тој што поседува малку, го поседуваат малку, фала малечка бедо што денес израснав ваков! Видов домот крие тајни што силни ги плашат, видов пиреј расте каде што трњата растат! Видов споро дете, не се искачи на тоа дрво, но брзите врсници никат не стигнаа до второто дрво! Сега мислам преценет е врвот, додека калта ваја борец што ќе порасне брзо! Сонот и болот не делат ист кревет, а времето тестира човек спремен, но ништо не е вечно, се' е парабола тој рече, извлеков заклучок, во меѓувреме тој ме извлече мене!
14.
Даре: Треба да бидеш море за да не се извалкаш при матни води, но за љубов знаел ли човек, кој никад не мразел низ зори? Моето срце е тука, чув нема место ко дома, дур болката воспитува овде наместо школа! Деца знаат, да губат баланс, времево го прави тоа лесно, ко да пати од паркинсонова светов! А моите облаци, некогаш премногу тежат, се осеќам сјебан, тонам во калта, јас тежам! Надоле! Сум чекорел по тие скали, моите врсници умираат млади, а секој сон тежи пари! Но денес не жалам што под розата бодат трња, денес сум среќен што остри трња чуваат роза! Споменот на мојата младост, е заменет со споменик на нивната гадост, во хаос, губам разум и губам воља, па склопи очи и слушни, но можеби мојта уста не е за тие уши... Тоди: Бурата предолго ја чекам, а до тогаш затишје ме убива сме само жртви без глас на туѓо дело со умисла мојот избор некогаш води кон пропаст, тонам и пак се враќам на грешки за кои незнам да си простам а меѓу нас чекорат борци и херои, за кои среќа е орден на почест и единствен мотив, кој битка води со моли, креативност и бои и јас таму негде изгубен помеѓу нив но има ствари кои ме тераат да мислам, па ме тераат да спиздам, барајќи во нив смисла живото е коцка па ме измамија рубикова земја, каде не постојат решенија, туѓата солза е најболна кога ти си ја создал а цела душа би ја дал бар да преполовам болка и чувам корени да имаш цврсто тло под нозе и би се претворил во ветер да ги растерам облаците! Маро: Понекад небото е товар, а листот едноставно премал умот собир од илузии со превисока цена ако следиш... сме во градината доле но под секој зумбул во леата не се крие исти корен... А, моите патеки се таму, само што ретко ги следам барам изговор во замор! но тие облаци, не чекаат никад, гласот заробен внатре во рамката како слика... Некад го презирам денот, барам виновници во светот, а причината е его понекад дури и гордоста ме гуши кога не дава ни трошка проблеми да допрат туѓи уши Па ги чувам секад далеку, моите облаци од туѓи очи само далеку! вечно благодарен на бурата што ја крие на облаците контурата...
15.
Тоди: Јас се замислувам себе некаде далеку, од сите погледи промени барам од се што видов и се што осетив посвети дали треба, освета не сакам ако си згрешил сакам да се покаеш, а не да вратам! Сакам да исчезнам, ме слушаш!? Да видам дали попразен ќе биде нечиј живот ако не сум тука, одведи ме некаде кај што сме сами, на место без мани, никој не ми треба само ти сфати! И сакам студот да замине од мојов живот, сакам ново сонце душа да ми загрее па закрпен да продолжам, да пишувам, со секој збор да бегам, далеку, подалеку само не тука! Но плуќа трујат сите чуства немам сила сам да заминам ми треба помош да те видам тука, добро не чека сега заедно до рајот одиме поведи ме, на твоите крила одведи ме! Реф. x2: Подај ми рака, одведи ме ти далеку од овде! Светов ми е проблем, претесно е доле! За мојата слобода нема место овде! Во светов што е проклет, пробај остани човек! Даре: Музикава е моја карта за надвор, текстов е храм за духот денес е денот заминувам кажувам збогум на студот и нема више драма, чекам ветрот да почне со него јас ќе летам, не гледам назад јас веќе! Немам крилја, но денеска го вртам светот би допрел небо, би те земал со мене на него! Да газиш облаци, да јаваш бранови, на плажа, море, сме јас и ти, спремни за нови сни немам денес товар, срцето е мојот куфер за утре ма не ни мислам што ќе биде друже! Надешта е сон на будните велат, предолго чекав, но сега, светот е мој да го земам! Со зборот бришам граници, толку е моќен замисли ми дава слобода да дишам пробај осети, возот сега не чека, последен повик јас бегам, одведи ме далеку сакам јас живот да сретнам. Реф. x2: Подај ми рака, одведи ме ти далеку од овде! Светов ми е проблем, претесно е доле! За мојата слобода нема место овде! Во светов што е проклет, пробај остани човек!
16.
Тоди: Повеќе од личност дали можеш ти да бидеш, повеќе од она што си и да прогледаш низ прсти? На убав збор си простил, јас и на лага верувам, таков карактер сум од секад на доброто гледам. Понекад и те нема, дали си поголем, кога треба да помогнеш таму каде што стега беда? За мене сите вредат искреност ценам, но сегде искреност ќе нема кога секој по кешот се гледа.. И дали сегде гледаш само од корист, би го продал ли блискиот најтајно што ти се доверил? Те гризе совест ли? Молкот некогаш може да каже повеќе од проклетите зборови.. А дали газиш преку своите ставови, за да ја зачуваш насмевката што највеќе од се' ти значи? Дали можеш да превидиш ти во правиот момент? Искрено да сакаш дали си поголем човек? Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш, или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око, крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ, гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек? Даре: Дали си поголем човек? Колку можеш да сакаш а мразат, дали можеш да свртиш образ и после шамар? Дали небото е граница за нас? Па кровот е премал и спас бараш во грев, а јас би одел низ оган за тебе, и би те сакал како нероден брат, и би те примил јас пак, само ти биди јак.. Светов црно-бел ко никад е сега, дали можеш да вратиш боја со мисла ко четка? Дали би делел и залак со гладен? Би го направил тоа да знаеш колку тежи стомак празен? И кога да врне се спрема, застани под моја стреа, би нe' собрало кога така ќе треба. Зората е благослов не потценувај никогаш, утрото е шанса за подобро секогаш. А кога ќе боли ќе види светот што е станат, замижи, прости им незнаат тие што прават... Кога ти крадеш и лажеш, или ќутиш а знаеш, или бегаш а крај е (дали си поголем човек?) Кога си изгубил облог, следи истрел во око, крвариш на бетонот (дали си поголем човек?) Немаш земја на крајот, си го украл цел народ, гзот ставен под залог (дали си поголем човек?) дали си поголем човек?

about

"Никогаш Исто" е насловот на првиот албум на Длабока Трага (Дарко Димитриески, Тодор Тодоровски & Мартин Бузалковски), издаден на 21 декември, 2012 година. За каверот се погрижи повторно Маријан Димиќ - Мачка. За овој албум се изработени 2 видео записи - "Сказни Од Асфалтот" - изработен од Бранко Блажевски и "Потценуваш" - изработен од Горан Симјановски.

01 - "Интро" - прод. Даре ДТ / Скречови: DJ Илич
02 - "Потценуваш" - прод. Марко СВП / Скречови: DJ Oky Doky
03 - "Некои Тоа го Сакаат Жешко" - прод. Марко СВП
04 - "Со Кој Памет?" - прод. Даре ДТ / Гости: Ајс
05 - "Познато Туѓи"- прод. Даре ДТ
06 - "Неизговорено" - прод. Даре ДТ / Гости: Паки
07 - "Никогаш Исто" - прод. Марко СВП
08 - "Изгубени во Преводот" - прод. Даре ДТ
09 - "Сказни од Асфалтот" - прод. Даре ДТ
10 - "Ничија Земја" - прод. Марко СВП / Скречови: Dj Oky Doky
11 - "Еби Се" - прод. Даре ДТ / Гости: Дудо
12 - "Поголем Човек" - прод. Марко СВП
13 - "Се Што Чув" - прод. Даре ДТ / Гости: Rootsman & Марко СВП
14 - "Моите Облаци" - прод. Даре ДТ / Гости: Коста
15 - "Одведи Ме" - прод. Марко СВП
16 - "Поголем Човек Remix" - прод. Марко СВП / Гости: Марко СВП

credits

released December 21, 2012

license

all rights reserved

tags