(Даре ДТ)
Млади деца на Гоце, градски парк во 2005’та,
времеплов 25/7, посвета стриктно ко секта,
semi-automatic, духовен револвер зад јазик,
свежа мисла, инстант инструментал создаден – пази!
Имаш ли другар? Кој е!? - Бараме борец, не поет,
носиш планета на плешките, плус на исти херци сте!
Со другар нема политика, само лојалност вади!
Не е среќа -љубовта само со љубов се гради!
Кој би претпоставил? Што си одбрал да правиш,
е влог на тоа што ќе ставиш,
на крајот тебе те прави - благодарен ко вдомен питач,
срце бохемиско на скромен скитач - манифестирана сила виша!
Срце вика, боље пушти се храбро!
Јас најдов искра таму, го запалив сопствениот затвор!
Поздрав од нас, секој осеќа со респект сиот,
до секој морепловец - мирно море, Vaya Con Dios!
(РЕФ X2)
Моментот е краток,
на добро место водат, само следи ги знаците на патот!
Сега постар јасно гледам дека
знаците на патот, само храбрите ги следат!
А сега Vaya Con Dios!
Спокојно Vaya Con Dios!
По патот Vaya Con Dios!
Слободно Vaya Con Dios!
(Павле)
Малку се тие што ќе останат...
Свеста е колективен спорт – трчај или ќе те остават!
Нема да речат што стана ако те снема,
дојдов да дадам и останам!
А тој што нема да врати, нема да старее со мене,
дека не си ти, затоа Даре е со мене! Само ова чаре е за себе,
да држам чекор со реалноста у нереално време!
Енергиите варираат, на комфортот не му парираат,
Фановиве навивачи, нема голови – пак навивааат!
Сега си сам, еден на еден со голманот
Не чекај 90-та, поентирај дури е рано!
Зошто да е сложено кога може да биде просто,
влези му на второто полувреме на животот со водство!
Спомени влечам зошто влечат емоции, прават тло што,
цврсто темели одговор зошто сум тука јас воопшто!
Или па ти, што сега го слушаш ова,
не сонував за успех – а сега имам тим снова!
Сите на победа цела целат, сепак мечот го тепав,
дека трзнав на тапата да потоне не ја чекав! Не чекај!
(РЕФ X2)
Моментот е краток,
на добро место водат, само следи ги знаците на патот!
Сега постар јасно гледам дека
знаците на патот, само храбрите ги следат!
Моментот е краток,
на добро место водат, само следи ги знаците на патот!
Сега постар јасно гледам дека
знаците на патот, само храбрите ги следат!
А сега Vaya Con Dios!
Спокојно Vaya Con Dios!
По патот Vaya Con Dios!
Слободно Vaya Con Dios!
credits
released December 11, 2022
Вокали и текст: Дарко Димитриески & Павле Димковски
Музика и аранжман: Дарко Димитриески
Дополнителни инструменти: Бојан Рафајловски
Mикс и мастеринг: Ване Ивановски & Дарко Димитриески
Видео: Ротосотоп (Бранко Блажевски и Илија Жоговски)
Продукција - Студио: Зад Аголот / Соулментал