Сечам модар оток, да отворат око цел чопор,
визии дур топот чади, склоп барови, потоп,
форма ко вода, проток, стојам со хип хопот,
стојте со турбофолкот за спот и фото,
грото со срце кротко, зима злото,
кога добиваш, повеќе од влогот, бизнис,
брз кеш ве напраи мифки тивки,
избив од длабочините со мисли виши,
лесен пристап до нетот, се преврте светот,
секој вади комплекси секојдневно,
се појави сешто, нови артисти, копиљаци и педо,
трудот е редок, квалитетот остана со цедето,
и целата уметност, концептот,
денес утнат е контекстот, пораката на прво место,
цела екипа ви е лева, немате никој десно,
си брцате по џебот, немате ништо чесно!
Оток крв собра, око боја модра,
празни облак, мора зраците да продрат,
кога мисли и небо ќе се спојат,
визијата е таа која прави да се двојам
Во борбата за гоат, останувам појак,
коза до коза, вуците со мене стојат,
кога месо даваш да опстојат и душа своја,
а младиве се гојат, подуени од соја,
девојки убави која од која,
ама се е џабе кога не е своја, ја двојат,
свињи такви кои морално гнојат,
а туѓ кеш бројат, па за бело мора да се спојат,
кој си ти... а ти ? можете ли да сте поситни,
не возам по прописи, флоу ориџинал ти отспиј си,
мразам фаци што гледаат само од корист и,
користи дека знае дека бољи си,
боли син, зашто?
вистина е главна ствар, може тебе не ти е важно,
надвор од стварност, тажно ако е така стварно,
мојата мисла упатство, енергија, богатство!
credits
from ТРЕНИРАЈ УМ,
track released May 16, 2022
Албум: Тренирај Ум (2022)
Вокали и текст: Венко Шереметкоски
Музика и аранжман: Баже Јовановски
Mикс и мастеринг: Ване Ивановски
Камера: Владислав Гавриловски
Видео монтажа: Владислав Гавриловски
Продукција - Студио: Зад Аголот / Соулментал